Во Скопје 13 сообраќајки, пајакот отстрнил 82 возила

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајна незгода.

Од нив, девет се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и тројца пешаци.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која тешки телесни повреди се здобил еден возач на мотоцикл.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив, 18 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин и четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Васил Главинов“ и „Рајко Жинзифов“ кои се наоѓаат на територијата на општина Чаир со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он