Во Скопје 13 сообраќајки, еден тешко повреден

Од:

Едно лице е потешко повредено, а седум се здобиле со полесни повреди во осум од вкупно 13 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во пет е регистрирана само материјална штета.

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 84 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 29 возачи биле исклучени од сообраќај од кои три поради управување под дејство на алкохол, 14 без стекнато право на управување со моторно возило, три возачи почетници…

Од сообраќај полицијата исклучила 21 возило и тоа 10 поради истечена важност на сообраќајна дозвола, едно било технички неисправно, а 10 зашто не биле регистрирани.

Непрописно паркирани биле 98 возила, а пајак службата подигнала 73 возила.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава