Во Скопје 12 сообраќајки во изминатите 24 часа

Од:

Возач на мопед и патник во автобус се здобиле со тешки телесни повреди вчера во две сообраќајни незгоди во Скопје. Во изминатите 24 часа во главниот град се регистрирани вкупно 12 сообраќајки, при што во четири е причинета материјална штета, а во шест сообраќајки полесно се повредени возач на патничко моторно возило, пет сопатници, тројца пешаци и велосипедист.

Во тек на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала 38 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, односно не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон додека возеле.  Санкционирани се и 34 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно поминале на црвено светло на семафорите, како и шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција отстранила 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни активности во ОУ „Герг Кастриоти Скендер-бег“ со учениците од второ и четврто одделение.

Од 11 до 13 часот денеска Јавната установа „Детски културен центар Карпош“ од Скопје организира ролер-трка  „Возиме кон иднината“  со ученици од петто до осмо одделение од сите училишта на подрачјето на Градот Скопје. Трката ќе започне на бул. „Илинден“ од пред фонтаната во Градски парк, ќе продолжи по бул. „Илинден“ се до крстосницата со ул. „Никола Тесла“, кај „Паркови и зеленило“, и назад. За време на трката сообраќајот ќе биде пренасочен по другите сообраќајници. Поради тоа, од сообраќајната полиција апелираат до возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите на униформираните полициски службеници.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава