Во Скопје 111 возачи возеле побрзо од дозволеното

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера на територија на Скопје санкционирани се 111 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Акциската контрола на МВР е спроведена во периодот од 14 до 20 часот. Двајца возачи возеле со брзина над 70 километри на час над дозволената, а 12 со брзина над 50 километри на час над дозволената.

Контролите на полицијата, како што информираат оттаму, продолжуваат и понатаму со цел поголема безбедност на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози