Во Скопје 111 казнети возачи, 15 немале возачка дозвола

Од:

Во текот на вчерашниот ден во рамки на сообраќајните контроли на МВР на територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, меѓу казните 15 се за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се прекршочни казни и за 15 пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава