Во сите ЈЗУ ќе се извршуваат закажаните прегледи и интервенции

Од:

Во сите јавни здравствени установи денеска ќе се реализираат закажаните прегледи и интервенции и покрај спроведувањето на есенската акција „Ден на дрвото“.

Министерството за здравство соопшти дека сите закажани прегледи во специјалистичко-консултативните амбуланти, во кабинетите за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции нема да бидат одложени и за таа цел на установите им е наложено да ги преземат сите организациски мерки овие прегледи и интервенции да бидат непречено изведени.

По анализата на податоците од електронскиот систем Мој термин, утврдено е дека за утре се веќе закажани околу 10.000 пациенти во редовен термин за преглед и над 100 хируршки интервенции. Во интерес на пациентите е прегледите да бидат извршени во денот кога се закажани, со цел на пациентите навремено да им биде пружена потребната здравствена услуга.

Од Министерството информираат дека останатите служби во установите кои не се поврзани со закажани термини ќе се приклучат на акцијата „Ден на дрвото“ и овој ден дополнително ќе го одработат, согласно насоките од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски