Во Шутка се обеси директорот обвинет за полов напад врз малолетник и обљуба

Од:

„Во затворот во Шутка денеска се обеси Роберт Робертсон (41), директор на основното училиште „Димче Ангелов“ од Демир Капија“, јави Канал 5 телевизија.

Директорката на затворот во Шутка, Сузана Гавриловиќ изјавила дека утринава затворските чувари кога делеле појадок, некаде пред 7 часот, го пронашле во собата обесен. Неговиот цимер, со кого ја делел ќелијата, во тој момент спиел.

Цимерот подоцна раскажал дека последен пат со Робертсон разговарале пред зори, кога тој одел во тоалет. Од однесувањето не можел ниту да помисли дека ќе се самоубие оти вечерта се однесувал нормално, читале, разговарале, се смееле.

Директорката Гавриловиќ го опишала Робертсон како интелектуалец, беспрекорен и дисциплиниран притвореник кој со никого немал проблеми, ниту имал судицидни нагони.

Полицијата го уапси директорот на училиштето и му поднесе пријава за полов напад врз малолетник и обљуба со злоупотреба на службената положба. Тој се товареше дека девет месеци сексуално злоставувал двајца ученици во неговиот стан, момчиња на возраст од 13 и 15 години.

Судскиот процес против него во велешкиот суд се уште не беше завршен.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски