А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во штипското текстилно училиште ќе се прават обуки за невработени лица

by А1он24/09/2018 - 13:37243
Share0

Штипското средно текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ ја доби лиценцата и верфикацијата за отворање на Центар за обука на невработени лица, кои сакаат да се преквалификуваат за шивачи на текстилни производи.

Добивај вести на вибер

Директорот на СОУ „Димитар Мирасчиев“-Штип, Дејан Доневски на денешната прес-конференција информираше дека пријавувањето на невработените лица е во Центарот за вработување во Штип.

– Што се однесува до верификацијата на установата имаме и верифицирана програма на шивач на текстилни материјали. Обуката ќе се одвива во училиштето и во текстилна компанија. Очекуваме бројка од заинтересирани невработени лица од Агенцијата за вработување и откако ќе ја добиеме бројката ќе пристапиме со обука и во училиштето и во компанијата, вели Доневски.

Досега имаат интерес од веќе 10 невработени лица, кои сакаат да ги поминат овие обуки.

– Планирано е обуката да започне од октомври и да заврши до Нова година или почетокот на јануари 2019 година, рече Доневски.

За овие обуки имаат право да се пријават невработените лица над 18 години, а ќе траат најмалку три месеци. Верификацијата на програмата и на центарот е со важност од три години. Инаку, во штипските текстилни конфекции постојано има отворени огласи за вработување, а како што велат сопствениците на конфекциите имаат потреба од вработување на над 1.000 работници.

stip

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он08/01/2026 - 15:3708/01/2026 - 15:45

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен