Во штипските училишта уписи на ученици во прва година

Од:

Во три штипски средни училишта во тек е уписот на ученици во прва година за учебната 2018-2019 година во августовскиот уписен рок. Најмногу слободни места има во текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“, каде што во првиот уписен рок се запишаа над 20 ученици, а потоа и во гиманизијата „Славчо Стојменски“ и електро-машинскиот училишен центар „Коле Нехтенин“.

– На денешниот уписен рок до 9 часот имаме запишано девет ученици. Во машинската струка имаме 45 слободни места, во електро-техничката струка имаме 59 слободни места, додека во угостителската струка нема слободни места, вели Дејан Павлов, директор на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип.

Во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ до 11 часот запишани се 28 ученици, а како што вели Тамер Јамаковски, професор во гимназијата, имаат уште слободни места, кои можат да се пополнат.

Средното медицинско училиште „Јане Сандански“-Штип уписите на ученици во прва година ги заврши уште во првото пријавување на јулскиот уписен рок, каде што најголем интерес имаше за струката медицинска сестра.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му