Во штипските основни училишта првачињата ќе се примат на први септември

Од:

Приемот на првачињата во сите основни училишта во Штип ќе се изврши на први септември, информира Соња Николовска советник во Одделението за образование во Општина Штип. Според податоците на петте основни и подрачни училиштата во прво одделение досега се запишани 410 првачиња.

– Приемот на првачиња во сите основни училишта ќе се случи во петок на први септември со почеток во девет часот. Очекуваме оваа броја да се зголеми на почетокот на септември, бидејќи имаме и родители кои се уште не ги запишале своите деца во прво одделение поради тоа што работат како сезонски работници, вели Николовска.

Таа истакна дека на почетокот на септември очекуваат дополнително уште 10 до 20 првачиња да се запишат во основните училишта во Штип.

Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев и претставници на локалната власт учениците од основните и средни училишта ќе ги посетат на четврти септември, а на првачињата ќе им врачат и пригодни подароци за почетокот на учебната 2017-2018 година.

Би можело да ве интересира

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара