Во штипскиот регион фатени двајца ловокрадци

Од:

Ловочуварската служба на ловното здружение „Ловец“ – Штип во рок од три дена фати двајца ловокрадци. Надлежните од ова здружение информираат дека ловокрадците се фатени во атарите на селата Врсаково и Судиќ, каде поставувале машинки или замки за ловење на прелетен дивеч.

Станува збор за лицата В.Г и Л.К кои ги поставувале овие замки, кои се забранети со Законот за лов. Прјави ќе им бидат поднесени и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Полциската станица во Штип. Казните за ваков недозволен лов се движат од 800 до 2.000 евра.

Инаку, на терените во штипскиот регион во тек е ловната сезона на прелетен дивеч, а интерес има и од ловџии од странство, кои речиси секој викенд се гости на терените во овој регион.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му