Во штипската населба Железничка се асфалтираат улици

Од:

Во штипската населба Железничка од денеска почна изградбата на четири краци од улици, каде што теренот е тешко пристапен. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски при увидот во градежните активности во оваа штипска населба нагласи дека станува збор за краци кои се во должина од 300 метри, а инвестициската вредност на овој проект е 650.000 денари.

Градежните работи ги изведува фирмата ОСД ДООЕЛ Скопје, која ќе асфалтира во наредните денови.

– Денеска сме во населбата Железничка кадешто продолжуваме со градежната офанзива. Добро е што во текот на оваа година, во овој временски период сеуште не служи времето да можеме да работиме на градежни зафати во дел на асфалтирање нови улици. Овде сеуште немаше пристојни услови за живот на граѓаните коишто живеат овде, токму затоа во претходниот период работевме на проектирање на неколку улици и краци, вели Бочварски.

Тој најави дека локалната администрација, но и двете штипски јавни претпријатија работат на подготовка на нови проекти, кои ќе влезат во програмата за работа за наредната година, а ќе бидат финансирани од буџетот за 2019 година.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му