Во штипската населба „Шардаван Баши“ се реконструира водоводна и канализациона мрежа

Од:

Почна реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа во штипската населба „Шардаван Баши“, каде што денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните работи.

Во населбата се реконструираат 120 метри водоводна и 120 метри канализациона мрежа.

– Денеска се наоѓаме во населбата „Шардаван Баши“ каде што ЈП „Исар“ моментално работи на поставување нова канализациона линија и нова водоводна линија за дваесетина семејства коишто имаа огромен проблем и со водоснабдувањето и со канализацијата. Ова место го посетивме уште во предизборната кампања кога заклучивме дека навистина тука условите за живот на граѓаните се многу тешки, вели Бочварски.

Инвестиционата вредност на проектот е 276.000 денари, а средства се обезбедени од буџетот на Општина Штип и од ЈП „Исар“.

По завршувањето на водоводната и канализационата мрежа, екипите на Јавното претпријатие „Стипион“ ќе продолжат со бетонирање на 120 метри улица што ќе чини 520.000 денари.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му