Во штипската населба Пребег се уредува мал групен дом

Од:

Со полна пареа се подготвува просторот во штипската населба Пребег каде ќе се отвори малиот групен дом, информираат од Општина Штип.

Наведоа дека просториите се веќе обелени, исчистени, се гради и пристапна рампа, а веќе се мести мебелот и белата техника.

– Единствеа цел на овој проект е да се подобрат условите за живот на децата без родителска грижа, истакнаа од Општина Штип.

Согласно проектот е предвидено во стотина квадрати да живеаат шест до седум деца на возраст до 18 години. За нив ќе се грижат стручни лица, кои ќе им бидат достапни 24 часа.

Средствата за преадаптација на просторот се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му