Во Штип второ прскање против комарци

Од:

Општина Штип преку овластена фирма утре ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Од општината апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од два до седум часот до наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети, вели Кристина Костова, советник за информирање во кабинетот на градоначалникот.

Таа истакна дека во случај на неповолни временски услови, односно ветар или дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко