А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Штип во функција се ставаат урбаните заедници

by А1он28/05/2018 - 15:14432
Share0

Општина Штип во функција ги става урбаните заедници, кои подолго време се напуштени и запоставени, со што граѓаните не добиваа никакви информации. Кристина Костова советник за информирање во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип на денешната прес-конференција истакна дека во текот на изминатиот период на транспарентен начин биле избрани новите раководства на Урбаните заедници во Штип.

Добивај вести на вибер

– Советот на урбаните заедници има мандат од четири години, а во изминатиот период преку транспарентна постапка беа избрани нови раководства, односно нови членови и претседатели на Советите на урбаните заедници. Преку Советот на урбаната заедница, граѓаните можат да даваат иницијативи и предлози кои се од јавен или локален интерес до надлежните органи во Општината, вели Костова.

Таа најави дека градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски средбите со граѓаните ќе ги остварува во нивните населби, односно Урбани заедници, а на кои што ќе можат да ги презентираат своите проблеми и потреби.

– Средбите со граѓаните на ниво на урбани заедници најчесто ќе се случуваат во попладневните часови, за да можат сите граѓани да имаат можност да присуствуваат на нив. За средбите, граѓаните ќе бидат информирани преку раководствата на урбаните заедници, преку дневните билтени на Општината и преку социјалните мрежи, вели Костова.

stip

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 12:47

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто