Во Штип утре прскање против комарци

Од:

Општина Штип утре ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците, соопшти денеска Кристина Костова советник за информирање во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. Запрашувањето ќе се реализира од два до седум часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по теченијата на реките Брегалница и Отиња, како и застојни води и подрачја околу каналниот систем на територија на општината, урбаните населби и локалитети, вели Костова.

Се апелира пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му