Во Штип утре дезинсекција против комарци

Од:

На територијата на општината Штип утре во раните утрински часови ќе се спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците.

Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информира дека запрашувањето ќе се врши во периодот од 00 до 06 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети. Третирањето ќе се изведува со препаратот „Aqua K-othrine 2 EW“ со активна супстанца „Deltamethrine“ и со препаратот „К-stop“ со активна материја течен ларвицид, вели Ристов.

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Од општина Штип апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена