Во Штип турнир „Кежо“ за лицата со посебни потреби

Од:

Стотина ученици со посебни потреби од Штип, Неготино и Кавадарци денеска учествуваа во спортскиот турнир „Кежо“ – Штип, кој е поддржан од Општина Штип. Учениците со посебни потреби се натрпеваруваа во пинг-понг, кошарка и други спортски дисциплини.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во обраќањето на отварањето на турнирот „Кежо“ истакна дека спортот им е потребен на сите.

– Верувам дека денеска сите ќе уживате во игрите со вашите другарчиња. Резултатот не е најбитен, битно е дружењето, рече Захариев.

Наставниците кои заедно со учениците беа дел од спортскиот турник „Кежо“ забележуваат дека спортот е од голема важност за лицата со посебни потреби. На овој начин, сметаат тие, ја подобруваат својата физичка моторика, а истовремено го јакнат и натпреварувачкиот дух. Спортскиот турнир „Кежо“ за учениците со посебни потреби се одржува во петти пат во Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“