Во Штип трибина како да се препознае трговија со луѓе

Од:

Во Штип денеска се одржа трибина на која беше претставена кампањата “Што гледаш?Биди нивниот глас”, во организација на НВО „Отворена порта“.

Во Македонија минатата година како жртви на трговија со луѓе се идентификувани шест лица. Сите се од женски пол, од кои три се малолетни. Пет од жртвите се со македонско државјанство, посочуваат официјалните податоци, кои денеска Здружението за акција против насилство и трговија со луге „Отворена порта“, ги презентираше во Штип.

Стојна Атанасовска-Димишковска програмски раководител на проектот вели дека, сепак, бројот на жртви е многу поголем.

– Ако ги земеме бројките од соседните држави каде што годишно од 100 до 150 жртви се идентификувани споредбено со статистиката во Македонија од минатата година каде што шест жртви биле идентификувани сметаме дека навистина треба да се зборува за овој проблем и да се покрени свеста на целокупното население. Ја бараме нивната проактивност доколку забележат нешто сомнително да се обратат и да пријават, вели Атанасовска-Димишковска.

Едномесечната кампања под мотото “Што гледаш?Биди нивниот глас” има за цел да ја подигне јавната свест, да ја препознаат трговијата со луѓе, но и да ги поттикнат да побараат совет. Снежана Санева од Комисијата за борба против трговија со луѓе во Општина Штип забележува дека најризична група се тинејџерите, односно лицата на возраст од 13 до 18 години. Токму затоа тие како Комисија заедно со Одделението за образование во Општина Штип денеска ги повикале средношколците да слушнат и да бидат дел од трибината како да се препознае трговијата со луѓе.

Покрај трибини во рамки на кампањата е предвидено да се дистрибуираат превентивни материјали, а отворена е и телефонска линија каде можат да се јават сите кои се соочиле со трговијата со луѓе.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“