Во Штип се реализира проектот „Градиме мостови“

Од:

Четириесет и пет ученици од Државното средно училиште „Искра“ за ученици со посебни потреби, Општинското Основно училиште(ООУ) „Славејко Арсов“ од Штип и ООУ „Страшо Пинџур“ од Општина Карбинци денеска заедно цртаа слики и пишуваат пораки на тема „Планетата земја-Дом за сите нас“, како дел од проектот, финансиран од Фондацијата „Градиме мостови.

Координаторот на проектот Ангелчо Стојановски, началник на Одделението за превенција во СВР-Штип вели дека целта на проектот е ученици од различни националности да се дружат и да воспостават пријателство.

– Покрај денешната активност учениците ќе изготвуваат и ѕидни весници, ќе имаат и спортски игри во пинг-понг и музички хепенинг, рече Стојановски.

Директорите на училиштата кои се вклучени во проектот велат дека во заедничките активности се вклучени ученици од македонска, турска, влашка, ромска и други националности.
Зејлихе Амазова ученичка од ООУ „Страшо Пинџур“ од Општина Карбинци изјави дека денеска запознала нови другарчиња со кои заеднички цртале и научиле нови пораки како да се заштити природата и планетата земја. Наредната недела домаќини на проектот „Градиме мостови“ ќе бидат основните училишта „Славејко Арсов“ и „Страшо Пинџур“.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“