Во Штип се прават анализи за воведување јавен градски превоз

Од:

Општина Штип прави анализа за воведување јавен градски превоз. Се собираат информации од општините, каде што веќе функционира. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочвраски вели дека имаат неколку решенија за воведувањето на јавниот градски превоз.

– Ќе ви кажам неколку опции. Дали е најисплатлива да се склучи договор со приватна компанија, која што ќе врши градски превоз или дали да се набави еден гардски автобус, кој што ќе го набави Општина Штип и ќе биде за оваа функција. Се размислува и каков да биде тој автобус, дали да биде на електрична енергија, на гас или на дизел. Тоа се различни процеси со различни цени. Таквите возила можат да чинат од 150.000 до 500.000 евра, вели Бочвраски.

Тој забележа дека од јавен градски превоз потреба имаат пред се жителите од лакавичкиот регион, населбата Три Чешми и приградските населби. Штип се шири и има развој, затоа се погласни се и барањата на граѓаните да има и редовни линии низ градот Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“