Во Штип се отстрануваат бесправно изградени шупи и хаварисани возила

Од:

Општина Штип деновиве почна со акцијата за отстранување на шупи и штали кои бесправно се изградени или поставени на јавните површини во Штип. Комуналниот инспектор во Општина Штип, Борче Везенков вели дека целта на акцијата е да се отстрани се што е незаконско изградено и градот да има урбан лик.

– Доколку има објекти изградени на јавни површини, излегуваме на лице место и ги отстрануваме, вели Везенков.

Тој истакна дека освен објектите, општината интензивно работи и на отстранување на хаварисаните возила низ градот:

– Ги лоцираме хаварисаните возила, доставуваме решенија, а доколку не се одложат на време, ние ги земаме и ги дислоцираме, рече Везенков.

Екипите на општината хаварисаните возила ги носат на плацот кај Филтер станицата, од каде сопствениците можат да си ги земат. Доколку во предвидениот законски предвидениот рок не си ги земат, во тој случај општината има право истите да ги продаде на лицитација.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена