Во Штип се гради тротоарот до Кампус 4

Од:

Почна изградбата на најдолгиот тротоар во Штип од кружниот тек на влезот на градот до факултетите во Кампус 4. Тротоарот е во должина од еден километар и 300 метри и со широчина од 1,5 метри.

– Ќе има 6 проширувања каде ќе бидат поставени клупи. Се работи за површина од околу 2000 метри квадратни. Оваа површина ќе биде поплочена со бехатон и целиот проект, кој има вредности од 2.4 милиони денари, рече градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Тротоарот се гради на барање на граѓаните, но и заради поголема безбедност на студентите, кои секојдмневно го поминуваат пеш овој дел, каде се гради новата тротоарна површина

– Но, ова е важно особено за студентите коишто секојдневно одат на предавање во Кампус 4. Со ова докажуваме дека Општина Штип се грижи за студентите, за нивната безбедност, но и за да го разубавиме самиот влез во градот, рече Бочварски.

Се очекува изградбата на овој тротоар да заврши за кратко време, а во меѓувреме штипското Јавно претпријатие (ЈП) „Стипион“ работи на крак кај улицата Пиринска и по завршувањето на овие градежни активности интензивно ќе го гради и тротоарот до штипската Клиничка болница.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му