Во Штип се градат отворени спортски терени

Од:

Градежната механизација од денеска почна со санирање на отворениот спортски терен во училиштето „Тошо Арсов“ во Штип. Маја Ашкилова вработена во општината вели дека од општинскиот буџет се обезбедени 900.000 денари за изградба или за санација на отворените спортски терени во градот, но и во руралните средини.

– Денеска се асфалтира отвореното спортско игралиште во ООУ „Тошо Арсов“, веќе имаме и рењконструкција и изградба на нови спортски игралишта во селата Селце, Лакавица, потоа селата Шашавралија и Чардаклија. Со изградбата или со санацијата на отворените спортски терени ќе се  подобри и квалитетот на наставата по физичко воспитување, вели Ашкилова.

По санацијата на терените кои се наоѓаат во близина на училиштата, општина Штип ќе постави и спортски реквизити.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“