Во Штип се чистат улиците и ги посипуваат со абразивен материјал

Од:

Во штипскиот регион попладнево почнаа интензивни врнежи од снег. Механизацијата на штипското јавно претпријатие „Стипион“ почна да ги чисти улиците низ градот и населбите.

Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров изјави дека во моментов седуммина вработени со две возила се на терен и ги посипуваат улиците со абразивен материјал.

– Двете возила кои се терен ги поминуваат улиците од прв и втор приоритет, доколку има потреба ќе се поминат и остантите улици. Додека траат врнежите од снег постојано се одржуваат чисти улиците, кои се влез и излез на градот, потоа тие кои водат до Клиничка болница-Штип, до останатите институции, низ централниот дел на градот, како и на главните улици во штипските населби, рече Протогеров.

Toj посочува дека имаат доволни количини абразивен материјал за зимско одржување на улиците. Во моментов располагаат со 100 тони сол и 80 кубици песок што, според Протогеров, се доволни количини за една просечна зима. вдј/хс/

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег