Во Штип регистрирана рекордна потрошувачка на водата

Од:

Штипската филтер станица која е во рамките на ЈП „Исар“ вчера забележа рекордна потрошувачка на водата од 340 литри во секунда.

Раководителката на станицата, Тања Глигорова на прес-конференцијата рече дека и денеска ја очекуваат истатат рекордна потрошувачка на вода за пиење во Штип.

-За време на високите температури регистрирана е рекордна потрошувачка на водата. Просечната потрошувачка на вода е околу 19.000 м/3 или околу 230 литри во секунда. Минималната потрошувачка на вода е регистрирана во утринските часови и изнесува околу 130 литри во секунда. Додека вчера забележани се максималните 340 литри во секунда, вели Глигорова.

Таа забележа дека штипската филтер станица има капацитет да ги задоволи потребите на граѓаните на Штип, но сепак апелира рационално да ја користат водата, а текот на вечерните часови да не ја користат за полевање на дворовите.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена