Во Штип прскање против комарци

Од:

Општина Штип преку овластена фирма ноќеска од 00 до 06 часот наутро ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека запрашувањето ќе се изврши со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.Третирањето ќе се изведува со препаратот Aqua K-othrine 2 EW со активна супстанца Deltamethrine. Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, вели Ристов.

Тој апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Ова е претпоследна дезинсекција на територија на Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Во Штип прскање против комарци

Од:

Општина Штип утринава изврши земјено  прскање против комарци. Портпаролот на градоначалникот на Општина Штип, Милена Ристова-Михајловска изјави дека запрашувањето против комарците е извршено во периодот од 5 до 7 часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

– Со дезинсекцијата се опфатени зелените површини во општина Штип,  подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети, истакна Ристова-Михајловска.

Општина Штип годинава самостојно го врши прскањето против комарци за разлика од минатата година кога општините од Брегалничкиот регион заеднички ја спроведоа акцијата. Општина Штип прскањето против овие инсекти ја чини околу еден милион денари.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Митески: Нема утврдени жаришта на комарци во Аеродром