Во Штип промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“

Од:

Во Домот на млади во Штип денеска беше промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“ во издание на Државниот архив на Македонија. Ангел Костадинов, Панче Смилевски, Трајче Спасовски, Драган Срцев, Коце Балабанов, Симеон Зенделовски се само едни од многу бројните штипјани кои биле на црната листа на УДБА, само поради тоа што биле членови на повоената ВМРО.

Директорот на Државниот архив на Македонија, Филип Петровски вели дека Костадинов и Смилевски издржувале и затвориски казни, а останатите штипјани биле сослушувани врбувани.

– Определбата кон ВМРО, придонела за тоа многу штипјани да бидат следени и да им биде оформено досие. Дел од нив биле малтретирани и поради тоа скршени и прифатиле да имаат соработка со тајните служби, рече Петровски.

Тој истакна дека оваа едиција не лустрира и осудува, туку само презентира историски документи кои сведочат за премрежјата на партиските структури во Македонија во втората половина на минатиот век. Во посебниот том насловен како „Уметноста на мета“, Петровски вели дека како специфично го издвојува и досието на познатиот актер Ѓорѓи Колозов. Тогашните служби се интереисрале за мислењето на Колозов.

– Во неговото досие се појавува изјава на денешен уметник со име и презиме. Ние не тврдиме дека е тој, но името е мошне познато и мислам дека македонската јавност ќе биде зачудена од овој случај, рече Петровски.

Според него, имало евидентирано вкупно 137.000 досиеа за македонски граѓани, а денес останале само 15.000, додека останатите се уништени.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“