Во Штип презентирани новите мерки за самовработување

Од:

Центарот за вработување-Штип денеска ги презентираше новите мерки за самовработување пред невработените лица.

Раководителот на Центарот за вработување Лазе Димчов вели дека мерките имаат измени за разлика од изминатите години.

– Мерката самовработување има зголемен ваучер, значи оваа година имаме повеќе средства. Минатата година вредноста во опрема беше 3.000 евра, а сега е 4.000 евра за самовработувањето. Додека кај инвалидните лица, лицата со посебни потреби со оштетен вид и слух мерката самовработување предвидува 270.000 денари и со можност за вработување на две лица, со што за секое наредно лице следуваат средства во опрема од 92.000 денари, вели Димчов.

Тој истакна дека огласот за мерката самовработување тече веќе два дена и се имаат пријавено 10 лица за користење на оваа мерка.

Дарио Трајчев кој денеска присуствуваше на презентацијата вели дека сака да ја искористи мерката самовработување за отварање на сопствена живинарска фарма, бидејќи во штипскиот регион вакви фарми нема во голем број.

Во Штип минатата година 30 невработени лица ја искористиле мерката самовработување и започнале сопствени бизниси.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски