Во Штип презентирана интернет платформа за наставници и воспитувачи

Од:

Претставници на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност денеска на воспитувачките во градинките и наставниците во основните и средни училишта им ја презентираа интернет платформата, со која што можат да прават виртуелни проекти. Мила Протугер–Анастасова вработена во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност вели дека интернет платфорамата е Програма на Европската комисија и како што појаснува таа оваа програма е и еден вид фејсбук, односно мрежа за наставниците.

– Значи имаат можности да прават виртуелни проекти со други наставници од други земји од Европа, односно потребно им е компјутер, да ја соберат групата на ученици и се поврзат со наставници од друга земја и да направат заеднички проекти на различни теми, без разлика дали тоа е за Велигден, Нова година. Наставници и самите така прават проекти сега ова е само начин тој проект да го конципираат во оваа платформа, вели Протогер-Анастасова.

Таа истакна дека оваа алатка е бесплатна за наставниците, за секој од проектите можат да добијат и интернационални сертификати, а оваа платформа овозможува на наставниците да следат и бесплатно семинари, од кои добиваат и сертификати.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена