Во Штип почна манифестацијата „Шарено јајце“

Од:

Центарот за култура „Ацо Шопов“, Општина Штип и сите основни училишта почнаа да ја реализираат традионалната манифестација „Шарено јајце“. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Миле Вратеовски на прес-конференција рече дека денеска се реализираше креативна ликовна работилница, во која учествуваа 20 ученици од Основното општинско училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип.

– Манифестацијата „Шарено јајце“ годинава се одржува по седми пат. Во четврток во 10 часот во фоајето на Центарот за култура ќе бидат поставени штандови на кои ќе бидат прикажани креативните велигденски украси и јајца изработени од рацете на децата, вели Вратеовски.

Во рамките на манифестацијата „Шарено јајце“ на учениците и на децата од детските градинки ќе им биде покажана и традиционалната техника на бојадисување јајца.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена