Во Штип почна доуредувањето на коритото на реката Отиња

Од:

Штипските јавни претпријатија почнаа со средување на останаиот дел од коритото на реката Отиња. Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев вели дека од денеска градежните машини работат во реката Отиња, каде што покрај уредувањето на коритото, деновиве ќе почне и доизградбата на вториот дел од платформата кај Основното училиште “Ванчо Прќе“.

– Нашите екипи интензивно работат на терен, а исто така можам да кажам дека за 20-тина дена штипјани ќе ја имаат и првата трим патека од Ново Село до населбата 8 Ноември, каде исто така интензивно се работи, рече Захариев.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев истака дека денеска заврши и изградбата на новите паркови површини, кои се уредени со цветни аранжмани во близина на Градскиот плоштад. За овие нови зелени површини инвестирани се околу 8. 000 евра.
Тој додаде дека и покрај високите температури годинава ќе нема рестрикција на водата, но упати апел граѓаните да ја трошат рационално

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена