А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Штип оштетени билборди на ВМРО ДПМНЕ

by А1он27/11/2016 - 15:52113
Share0

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ–Штип на денешната прес-конференција остро го осуди оштетувањето на билбордите и пишување на предизборни графити на Градскиот стадион. Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Трајче Димков рече дека ова утро градот се разбудил со вандалски чин.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Два билборда на ВМРО-ДПМНЕ се оштетени, а Градскиот стадион е исшаран со политички графити. Иако добија место за лепење на изборни плакати, сепак тие одлучија да го нагрдуваат градот шарајќи онаму, каде што ќе им текне. Ваква политичка неколтура не е видена со години. При тоа важно е да се напомене дека ова не е прв случај, бидејќи слични инциденти се регистрирани и во други градови низ Македонија, па станува јасно дека станува збор за организирана акција на опозицијата со која се оцрнува целата изборна кампања, рече Димков.

Тој апелираше до СВР-Штип да ги најдат сторителите на овој вандалски чин, но како што рече се сомневаат дека ќе се најдат, бидејќи за опозицијата било најважно да се сменат челните луѓе на полицијата, отколку да обезбедат фер и демократски избори.

dpmnestip

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 11:47

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 10:5613/11/2026 - 16:07

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

Горан Наумовски09/11/2026 - 11:00

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео