Во Штип одбележани 17 години од загинувањето на бранителите Влатко Петров и Димитар Двојаковски

Од:

Штип денеска одбележува 17 години од загинувањето на македонските бранители Влатко Петров и Димитар Двојаковски, кои животите ги загубија кај Ваксинце во конфликтот во 2001 година. По тој повод семејствата на загинатите бранители, делегации на АРМ, локалната власт, Сојузот на борците и Здружението на бранители положија цвеќе на споменикот на бранителите во паркот К’ртеќе.

Претседателот на Советот на општина Штип, Јане Миланов истакна дека со денешното одбележување се дава почит за да не бидат заборавени бранителите Влатко Петров и Димитар Двојаковски.

– На денешен ден точно пред 17 години во 2001 година во воениот конфликт нашите сограѓани, Влатко Петров и Димитар Двојаковски ги дадоа своите животи за одбрана на нашата татковина, рече Миланов.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена