Во Штип одбележани 141 година од раѓањето на Гоце Делчев

Од:

Во штипско Ново село во Гоцевото училиште денеска се одбележа 141 година од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

Делегации на општина Штип, универзитетот „Гоце Делчев“, државни институции и политички партии положија цвеќе на спомен релјефот, а по тој повод универзитетскиот професор Кирил Цацков во пригодната реч се осврна за значењето на Делчев, кој заедно со Даме Груев учителствувале во училиштето во Ново село.

– Гоце Делчев секогаш истакнувал дека неговата револуционерна дејност почнува токму во Штип, а особено по средбата со уште понемалку значајната личност за македонската историја Даме Груев. Тој спојува револуционерна енергија, но педагошка дејност, вели Цацков.

Во рамки на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев во истоимената библиотека во Штип денеска беше отворена и изложба „Фотографии и документи за Гоце Делчев“.
Донче Ефремов од Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град-Штип посочи дека во рамките на изложбата опфатен е целокупниот живот на Делчев, а најголем дел од фотгорафии, оригиналните свидетелства со неговиот потпис и други документи е посветен на периодот кога учителствувал во Штип.

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Саша Митрев најави дека на 27 март ќе биде поставена и бистата на Гоце Делчев во дворот на Гоцевото училиште, каде што ќе биде сместени новите простории на Ректоратот на штипскиот универзитет.

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски