Во Штип одбележани 105 години од Брегалничка битка

Од:

Во Штип денеска беа одбележани 105 години од Брегалничата битка во месноста Каленица, каде што порано имало спомен костурница, а од пред неколку години спомен обележје.

На одбележувањето присуствуваа претставници од српската амбасада, државниот секретар во Министерството за труд, социјална политика и боречки права при Влада на Република Србија, членови на здруженија и организации.

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски во своето обраќање истакна дека оваа битка треба да служи како поука за тоа како народите на Балканот не треба да се однесуваат.

– Она што треба секојдневно да го правиме е да подадеме рака секому и да се бориме против поделбите. Да имаме разбирање меѓу себе, да соработуваме и секогаш да имаме на ум дека богатството што Македонија го поседува е во различностите, а убавината е во обединувањето на тие различности. Сега е време да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт, кои се во спротивност со нашите и европските вредности. Наша должност и одговорност треба да бидат интересите на сите граѓани без исклучок. Ни требаат оптимизам, смиреност и одговорност, почит за минатото, но и одлучен чекор кон подобра иднина, рече Бочварски.

Забележа дека народите од Балканот треба да учат од историјата, а не да ја повторуваат, и на темелите од минатото да градат иднина.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му