Во Штип одбележан Светскиот ден на водите

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска заедно со децата од градината „Вера Циривири-Трена“ го одбележа Светскиот ден на водите.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев, кој присуствуваше на приредбата на децата од оваа градинка истакна дека децата за стекнување на навиката за штедење на водата се учат од најмала возраст. Вработени од ЈП „Исар“ денеска поделија и над 1.000 флаери на граѓните во централното градско подрачје и кај Градскиот пазар.

– Се делат флаерите со цел да се подигне свеста кај граѓаните за да ја штедат водата. ЈП „Исар“ на граѓаните им гарантира чиста и задрава вода за пиење. Ова е и наша заложба за во иднина, а водата ќе ја има во доволни количнини. Кога температурите беа ниски имавме мали проблеми, но тоа веќе нема да се случи, вели Бојаџиев.

Тој истакна дека како јавно претпријатие и Општина Штип нема да ја променат цената на водата, а Бојаџиев истакна дека намалени се и загубите на водата низ водоводната мрежа.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена