Во Штип одбележан Денот на мирот

Од:

Во организација на општина Штип и Општинската Организација на Сојузот на борците денеска свечено беше одбележан Меѓународниот ден на мирот во паркот К’ртеќе, во месноста Суитлак.

Секретарот на ОО на Сојузот на Борци во Штип, Петар Мицевски во своето обраќање истакна дека со резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 септември е прогласен за Меѓународен ден на мирот, а Резулуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН секоја година на 21 септември редовно да го одбележуваат.

– Темата за 2018 година е: „Правото на мир – Универзална декларација за човекови права на 70“ која ја одбележува 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права.Универзалната декларација за човекови права е важен документ во историјата на човековите права, вели Мицевски.

На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, членови и продолжувачи на делото на Сојузот на борците, припадници на АРМ, претставници на политички партии, невладини организации, граѓански здруженија.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му