Во Штип од денеска наплата на паркинг по СМС порака

Од:

Во Штип од денеска и официјално почна наплатата на паркинг местата по пат на СМС пораки. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Игне Иванов денеска изјави дека од утринава екипите се на терен и на возачите им објаснуваат како да си го наплатат паркинг местото со помош на мобилните телефони.

-Значи телефонскиот број на кој граѓаните треба да пратат е 14 84 84. Телефонот е лесен. Градот е поделен на неколку зони. Тоа е поради нашата контрола и поради подобар увид на терен. На таблите ги пишува зоните. Значи само со погледнување на таблата и целата таа операција која што граѓаните треба да ја пратат на СМС пораката за да биде дозволено паркирање го пишува на самата табла и да згрешат ќе добијат информација на својот мобилен телефон дека пораката треба повторно да ја пратат, вели Иванов.

ЈП „Стипион“-Штип стопанисува со околу 700 паркинг места во градот Штип. Иванов информира дека додека има залихи ќе се користат и дневните грепки кои се продаваат во трафиките и на други продажни места во централното градско подрачје.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена