Во Штип над 400 деца и родители дел од проектот „Растеме со игра“

Од:

Над 200 деца од детската градинка „Астибо“-Штип на Градскиот плоштад „Слобода“ заедно со своите родители беа дел од меѓународниот проект „Растеме со игра“. Со песна и игра децата го прославија 1 Јуни Меѓународниот ден на детето, но и на танцот.

Директорот на градинката Илија Митров вели дека веќе втора година се дел од овој меѓународен проект.

– Целта е една и единствена, а тоа е среќата на нашите деца, бидејќи навистина се среќни кога во некој проект заедно работат со родителите. Учествуваат седум групи. Значи имаме 220 дечиња и уште толку родители, вели Митров.

Тој истакна дека повеќе од две недели се подготвувал овој настан. Спортските работници кои ги подготвувале игрите за децата и родителите апелираат во текот на летото децата да не седат пред компјутерите, туку да играат со своите другарчиња и да имаат спортски активности.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена