Во Штип над 200 лица полагаа ловечки испит

Од:

Над 200 членови на ловечките здруженија денеска полагаа ловечки испит во Штип. Николче Малинов член на Управниот одбор на ЛЗ „Ловец“-Штип вели дека за разлика од минататите години денеска првпат ловечкиот испит се полагаше во Штип, а не во Скопје, со што оние кои сакаат да станат ловџии не се изложени на дополнителни патни трошоци.

– По подолго време Комисијата дојде во Штип не е како порано, со што мораше членовите да одат во Скопје и да полгаат електронски. Сега е малку поедноставно благодарение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Идните ловџии денеска покажуваат знаење и се работи во две групи. Полагањето се одвива преку целиот ден, со цел да полгаат сите 200 лица, вели Малинов.

Тој истакна дека за полагање на ловечкиот испит пријавени се членови на ловечките здруженија од Штип, Радовиш, Конче, Македонска Каменица и Чешиново-Облешево.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип