Во Штип младите од Македонија и Шведска разменуваат искуства

Од:

Млади од Македонија и од Шведска седум дена се во Штип и ќе посетат уште неколку општини во источниот регион. Проектот се реализира преку Еразмус плус Програмата, а целта е да се разменат искуства меѓу младите од двете земји.

Сања Стефанова, координатор на проектот вели дека првата активност им е заедничка работилница во Штип на која младите зборуваа за среќата и споделуваа искуства за подобрување на животот на младите.

– Темата на еднодневниот тренинг е „Сигурна европска младина“ каде што 20 учесници од Македонија и Шведска земаа учество и главните точки на кои што, ние се осврнавме се нивните комуникациски вештини, нивните лидерски вештини, вели Стефанова.

Сесилија Нелсон, претставник од Шведската младинска организација вели дека Програмата е многу успешна и едукативна за младите.

– Оваа недела се одвива Еразмус плус размена. Проектот е во согласност со К1 програмата за промоција, запознавање и синхронизирање на културните разлики. И запознавање подобро на државите Шведска и Макдеонија, рече Нелсон.

Проект е во времетраење од седум дена, а гостите ќе имаат можност да посетат неколку градови од регионот.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски