Во Штип малолетник за време на полицискиот час извршил тешка кражба во дуќан

Од:

Малолетник на возраст од 17 години синоќа во 23.10 часот за време на полициски час бил затекнат од страна на полиција како извршува тешка кражба во продавница на улицата „АСНОМ“. Полицијата констатирала дека од објектот се одземени пари и цигари.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека полицијата ги вратила парите и цигарите на сопственикот, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Таа информира дека синоќа на подрачјето на СВР-Штип за време на полицискиот час пет лица не го почитувале, од кои двајца се малолетници, и се приведени.

Полициските службеници извршиле 74 контроли кај лица во изолација и кај 227 лица кои се во самоизолација.

Би можело да ве интересира

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче