Во Штип конференција „Новости во физиотерапијата“

Од:

Македонското физиотерапевтско здружение денеска за студентите од Медицинскиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организираше конференција на тема „Новости во физиотерапијата“.

Блажо Арсов од Македонското физиотрерапевтско здружение вели дека пред студентите ги презентираа најновите методи и техники во оваа област.

– Новата технологија мора да биде присутна во Центрите за физиотерапија во Македонија без разлика, дали се тоа јавни или приватни центри. Заради тоа што сите тие центри треба да бидат општествено одговорни, со цел на своите пациенти, клиенти да им пружат соодветна, современа услуга, која треба и да наликува на времето кое што го живееме, вели Арсов.

Тој забележа дека центрите за физиотерапија не е во ред да ги користат старите апарати од минатиот век, бидејќи физиотерапијата како наука зависи од технолошкиот развој.

Арсов смета дека на младите физиоетерапевти им е полесно да ги совладаат новите технологии, а токму и големото присуство на денешната конференција покажува колку и се зантересирани за нивната струка и новите технологии.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“