Во Штип ќе се реконструираат четири улици

Од:

Заврши тендерската постапка за реконструкција на четири големи улици во градот Штип, информира градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Станува збор за улиците „Иво Лола – Рибар“, Петта Партиска“, „Ѓорѓи Петров“ и „Крушевска Република“. Реконструкцијата, како што рече, ќе биде со гребење на стариот асфлат и поставување на комплетно нов асфлат, а ќе се работи според сите градежни прописи.

Бочварски најави дека наскоро почнува и изградбата на тротоарот до Кампус 4 на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

– Од кружниот тек на населбата „Железничка“ до Кампус 4 ќе го градиме тротоарот, со што го разубавуваме и влезот на градот. Тротоарот ќе биде од десната страна и ќе биде можност за побезбедно да пешачат и студентите, но и граѓаните од овој дел на градот. Тој е некаде околу еден километар и 200 метри, веќе е во фаза на јавна набавка и наскоро очекуваме да почне неговата изградба, вели Бочварски.

Штипскиот градоначалник најави дека деновиве ќе почнат со изградба на неколку улици и во населбата „Железничка“. Инфраструктурните проекти кои се градат, но и за оние кои се распишани тендерски постапки чинат околу 120 милиони денари.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип