Во Штип ќе се отвори канцеларија за соработка со дијаспората

Од:

Министерот задолжен за дијаспора Едмoнд Адеми и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски денеска остварија работна средба во Штип, при што го потпишаа и Договорот за соработка во областа на дијаспората.

Главната цел со потпишувањето на Договорот е да се отвори Канцеларија за соработа со дијаспората.

– Денеска со градоначалникот Бочаврски потпишавме прв ваков Договор за соработка во областа на дијаспората. Драго ми е што таа идеја која ја почнавме денеска можеме да ја ставиме во правна рамка и верувам дека многу скоро таа канцеларија ќе биде целосно во функција на сите оние наши граѓани кои живеат и работат во дијаспората, а сега летото веројатно ќе дојдат во Штип и околината и ќе можат тие неколку дена додека се тука да се посветат повеќе на семејствата, а помалку на бирократијата, рече Адеми.

Градоначалникот на општина Штип, Бочварски истакна дека како општина ќе ја дадат целосната поддршка за отворањето на канцеларијата во која иселениците ќе можат да се информираат каде може да ги извадат личните документи, потоа законските постапки во областа на трудот и социјалната заштита, да се информираат за можностите за инвестирање, како и за одредени законски измени.

– Правиме еден крупен исчекор во насока на подобрување на условите за сите наши граѓани кои живеат надвор од Република Македонија. Сакаме да придонесеме да имаа побрзи и подобри услуги во моментот кога тие ќе се вратат овде во Република Македонија, рече Бочварски.

Канцеларијата во Штип ќе соработува со иселениците од Република Македонија кои се на постојана или привремена работа во странство.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“