Во Штип избран нов претседател на Независниот синдикат на Шумска полиција

Од:

Никола Гаговски е избран за нов претседател на Независниот синдикат на Шумската полиција на вонредното собрание што денеска се одржа во Штип. Гаговски е втор претседател на овој синдикат, а причината за вонредното собрание е поради назначувањето на поранешниот претседател на синдикатот за началник на Шумската полиција.

Гаговски вели дека ќе продолжи, со исполнување на барањата и правата на вработените во Шумската полиција.

– Сакам да нагласам дека таму каде што застана претходната претседателка, јас ќе продолжам и ќе ја водиме оваа битка кон нови победи, да се слушне за шумскиот полицаец и за неговите права, изјави Гаговски.

Претседателот на Независниот синдикат на Полицијата, Гоце Делчев-Тодев истакна дека веќе од понеделник почнуваат со дсотавување на барањата за вработените во Шумската полиција, а бараат зголемување на платите, добивање на бенефициите и потпишување на колективниот договор, со кој што ќе се решат и голем број од правата на шумските полицајци.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена