Во Штип интервенирано со 78 тони абразивни средства по улиците

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, излезе на увид на состојбите во сообраќајот во градот во зимски услови.

Со паѓањето на првиот снег, дежурните екипи на ЈП „Стипион 2011“ во 16:00 часот излегоа на терен. На терен излегоа и екипите на ЈП „Исар“.

Согласно Програмата за зимско одржување на територијата на Општина Штип и Оперативниот план за дејствување во зимски услови, екипите делуваа по приоритет на улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност.

Коловозите се посипуваа со абразивен материјал за непречено одвивање на сообраќајот.

До шест часот утринава, интервенирано е со 78 тони абразивни средства по улиците од прв и втор приоритет, односно улицата кон болницата, улиците „Генерал Михајло Апостолски“, „Христијан Карпош“, „Маршал Тито“, улиците кон населбите Сењак, Дузлак и Баби и излезите на градот.

„Би сакал да ги информирам граѓаните дека излеговме во пресрет на две болни дечиња во село Почивало, каде што е пренасочена машина, со цел да се помогне на овие дечиња,“ информираше градоначалникот Бочварски.

Градоначалникот Бочварски апелираше до граѓаните да ги исчистат своите дворови од снег, за сите да си помогнеме час поскоро градот да ни биде во функција.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“