Во Штип имунизација на 80 ромски дечиња

Од:

По повод Европската недела на имунизацијата, Општина Штип организира систематски преглед и вакцинирање за околу 80 дечиња, од кои 60 од дечињата се сместени во објектот на старото нервно одделение, а 20 дечиња од населбата Каваклија.

-Општина Штип организира бесплатен превоз до Здравствениот дом, за овие дечиња да бидат вакцинирани овде. Предвидено е вакцинирање на вкупно 80 дечиња, од кои дел се прва смена. Тие дечиња што се прва смена ќе дојдат на систематски преглед и по потреба ќе бидат вакцинирани подоцна во текот на овој ден, вели Беами Шакиров, референт за односи со заедниците при Општина Штип.

Тој истакна дека со денешниов настан, Општина Штип се вклучува во одбележувањето на Европската недела на имунизација, при што апелираат до сите семејства преку вакцинирање да се спречат болести и да се заштити населението од болести.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он